• среда, 18 декември 2024

Новиот премиер Барние вети промени во Франција со цел подобрување на „сериозната ситуација“

Новиот премиер Барние вети промени во Франција со цел подобрување на „сериозната ситуација“

Париз, 5 септември 2024 (МИА) – Новиот француски премиер Мишел Барние најави нова политичка насока, јави ДПА.

- Ќе има промени и нарушувања, изјави конзервативниот политичар за новинарите во Париз.

- Франција е во сериозна ситуација и треба да почне ново поглавје. Ќе дејствуваме повеќе отколку што зборуваме, рече 73-годишниот поранешен еврокомесар и преговарач за Брегзит.

Барние нагласи дека сака да „одговори на предизвиците, гневот, страдањето, чувството на напуштеност и неправда што преовладува во градовите, населби и руралните области“.

Потребно е повеќе слушање и почит меѓу владата и парламентот, меѓу самите политички партии и јавноста, додаде новиот француски премиер. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан