• четврток, 19 декември 2024

Новиот парк во штиспката населба Сењак 4 мета на вандализам

Новиот парк во штиспката населба Сењак 4 мета на вандализам
Штип, 26 октомври 2022 (МИА) - Искршени се клупи, детски и спортски реквизити и тоа само еден месец откако граѓаните од штипската  населба Сењак 4 добија нов парк. Граѓаните кои живеат во станбени згради и куќи велат овој вандализам е дело на помладите граѓани, кои навечер уништуваат без причина. Се кршат клупите велат, оградата веќе е уништена, па додаваат дека треба да се работи на нивното воспитување и култура. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов нагласува дека ваквата ситуација се повторува во неколку штипски населби. - Апелирам до нашите сограѓани за поголема совест и свест за да содржините останат и долготрајно да бидат користени, да се чуваат сите содржини и реквизити, паркови коишто ги оставаме на нашите сограѓани. Мора заеднички да работиме да подигање на свеста кај луѓето затоа што пред сѐ тоа се нивни пари кои се инвестираат и се враќаат назад. Доколку ги чуваме овие содржини кои се изградени, паркови, реквизити ќе може да ги користеме со години, вели Јорданов. Изминатите месеци мета на вандали беа и неколку други паркови, игралишта и јавни тоалети. вдј/цр

Остани поврзан