• среда, 25 декември 2024

Новиот министер за надворешни работи на Иран, Арагчи повика на дијалог со ЕУ

Новиот министер за надворешни работи на Иран, Арагчи повика на дијалог со ЕУ

Техеран, 23 август 2024 (МИА) - Новиот министер за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, повика на дијалог со Европската унија за да се „решат прашањата“ меѓу нив,  јавија светските агенции, повикувајќи се на изјава објавена по телефонски разговор доцна синоќа со шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел.

„Исламската Република Иран го поздравува развојот на односите со Европската унија заснован на взаемно почитување“, рече Арагчи.

Изјавата доаѓа нешто повеќе од еден месец по изборот на новиот претседател на Иран, реформистот Масуд Пезешкијан, кој рече дека е подготвен да започне „конструктивен дијалог“ со европските земји, но ги критикуваше дека не ги исполнуваат своите обврски за нуклеарната програма на Техеран.

Односите меѓу Иран и ЕУ се влошија во последниве години по критиките на Техеран поради неговата контроверзна нуклеарна програма, неговата поддршка за исламистичкото движење Хамас, кое е во војна со Израел во Појасот Газа, неговата помош за руската инвазија на Украина и непоитување на  човековите права. рп/

Фото: Википедија

Остани поврзан