• недела, 17 ноември 2024

Новиот заменик-министер во МОН Љуљзим Алиу на координативен состанок со министерот Шаќири

Новиот заменик-министер во МОН Љуљзим Алиу на координативен состанок со министерот Шаќири
Скопје, 11 февруари 2022 (МИА) - Мандатот на новиот заменик-министер за образование и наука Љуљзим Алиу почна денеска со координативен состанок со министерот Јетон Шаќири, на кој разговарале за приоритетите во образованието и продолжување на заложбите за унапредување на квалитетот на националниот образовен систем преку реализација на определбите наведени во програмата за работа на Владата и на МОН. -Двајцата со идентичен став дека образованието е сфера која не трпи застои и како држава мораме да го прилагодуваме системот за едукација на новите образовни трендови, текови и стандарди за квалитет кои ги наметнуваат развиените земји. Тоа е стратешка цел од чие исполнување во најголема мера зависи напредокот на општеството и интегрирањето во европското семејство. Министерот и неговиот заменик се согласни дека фокус мора да се стави на промените во основното образование кое е база на образовниот систем, но и на унапредување на средното стручно образование, информира МОН. Во следниот период тие заедно ќе ја интензивираат соработката со високообразовните установи заради согледување на предизвиците во нивното работење и придонес кон изнаоѓање решенија за надминување. Фокус во науката  и натаму ќе биде поддршката на реализацијата на научно-истражувачките проекти од јавен интерес, како и вложувањето во развој на лабораториите. -Љуљзим Алиу е професор на Педагошкиот факултет во Скопје. Раководел со Институтот за предучилишно воспитание и со Институтот за одделенска настава. Има големо искуство со реализација на бројни домашни и меѓународни проекти за унапредување на повеќе образовни сфери, а има објавено голем број научни трудови во домашни и меѓународни научни списанија и зборници, соопшти МОН. хс/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан