• недела, 24 ноември 2024

Новиот британски амбасадор Лосон му ги предаде копиите од акредитивните писма на министерот Османи

Новиот британски амбасадор Лосон му ги предаде копиите од акредитивните писма на министерот Османи
Скопје, 20 јули 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ги прими копиите од акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава, Метју Лосон, при што му посака му успешна мисија и го истакна задоволството од одличните македонско- британски односи, кои се карактеризираат со интензивна размена на посети и средби на високо ниво, што претставува потврда на силната определба и интерес за натамошно зацврстување на традиционалното пријателство меѓу двете земји. - Соговорниците ја поздравија динамиката во рамки на трговските односи меѓу двете земји, со очекување дека истите ќе продолжат да се унапредуваат интензивно и во наредниот период, пред сé имајќи го предвид напредокот во трговската соработка постигнат со потпишувањето на Договорот за партнерство, трговија и соработка во декември 2020 година и одржувањето на првиот инаугуративен Совет во Скопје во октомври 2021 година, како највисоко тело за негова имплементација во иднина, информира Министерството за надворешни работи. Како што се наведува во соопштението во контекст на динамиката на европската перспектива на регионот, Османи се заблагодари за поддршката и експертизата која Северна Македонија во континуитет ја добива од Обединетото Кралство во рамки на реформските процеси. - Министерот за надворешни работи Османи го информираше амбасадорот Лосон за последниот статус на евроинтегративниот процес на нашата земја, одржувањето на Првата политичка меѓувладина конференција и стартот на скрининг процесот, ветувајќи посветена работа во процесите кои следуваат поврзани со процесот на пристапување на нашата земја во ЕУ, се додава во соопштението. сп/

Остани поврзан