• четврток, 26 декември 2024

Новиот болид на Ферари на симулациите беше за секунда побрз од минатогодишната верзија

Новиот болид на Ферари на симулациите беше за секунда побрз од минатогодишната верзија

Маранело, 19 јануари 2023 (МИА) - Новиот болид Ферари во однос на минатогодишниот болид стана побрз за секунда во круг.

Според италијанскиот новинар Џулијано Дукеса, повикувајќи се на извори во тимот, Ферари биле презадоволни од резултатите на најновите симулации.

На симулаторот, новото Ферари 675 го победува стариот болид во просек за секунда по круг. И ова е и покрај фактот што во 2023 година автомобилите изгубија 20 поени на надолна сила поради промена на прописите во однос на дизајнот на дното. Овие промени беа направени со цел да се борат против ефектот на галоп.

Исто така, се известува дека новиот шеф на Ферари, Фредерик Васер, кој започна со работа, сè уште не планира да направи радикални промени во тимот поради важноста на на факторот на континуитет.

Ферари конечно се одлучи за деталите од претставувањето на новиот болид. Настанот ќе се одржи на 14 февруари во Маранело - иако претходно беше истражена можноста за преместување на презентацијата во Имола. зс/

Остани поврзан