Новиот албум на Кендрик Ламар на врвот на „Билборд 200“
- Ненајавениот „изненадувачки“ албум на американскиот џез-рапер и текстописец Кендрик Ламар - „GNX“ дебитира на бр. 1 на топ-листата.
Лос Анџелес, 2 декември 2024 (МИА) - Ненајавениот „изненадувачки“ албум на американскиот џез-рапер и текстописец Кендрик Ламар - „GNX“ дебитира на бр. 1 на топ-листата на „Билборд 200“. Ова е негово петто искачување на врвот на оваа листа, со продадени 319.000 албуми во САД заклучно со 28 ноември.
Албумот „GNX“ е објавен без никаква најава на 22 ноември.
Исто така, во топ-10 на „Билборд 200“, филмската музика на филмот „Злобница“ (Wicked) е на второто место, според „Луминејт“ (Luminate).
Кендрик Ламар претходно го предводеше „Билборд 200“ со „Mr. Morale & the Big Steppers“ (2022), „DAMN“ (2017), „Untitled Unmastered“ (2016) и „To Pimp a Butterfly“ (2015). Претходно во 2024 година, тој двапати беше бр. 1 на топ-листата песни на „Билборд 100“, со солоизведбата „Not Like Us“ (во мај), како и „Like That“ (во април), којашто е соработка со раперот Фјучер и траперот Метро Бумин. Ниту една од овие две песни не е вклучена на новиот албум на Ламар. си/
Фото: МИА архива