• четврток, 26 декември 2024

Нова финансиска поддршка за Македонскиот спорт

Нова финансиска поддршка за Македонскиот спорт

Скопје, 18 декември 2023 (МИА) - Во Тирана, Република Албанија се одржа работна средба меѓу претседателот на Македонскиот олимписки комиттет, Даниел Димевски и претседателот на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос (Грција) и генералниот секретар Рафаеле Пањоци (Италија), на која беа договорени дополнителни програми за МОК, во Олимписката 2024 година.

Европските младински олимписки игри Скопје 2025 исто така беа тема на разговор, а од страна на Димевски беше даден извештај за досегашните подготовки.

- Изразувајќи големо задоволство за досега сработеното, врвот на Европските олимписки комитети дадоа висока оценка за досегашните активности и за постоечката спортска инфраструктура, а на Претседателот Даниел Димевски му ветија сигурна финансиска поддршка за организација на овој најголем меѓународен мулти-спортски настан за 2025 година, потенцирајќи ја можноста за учество на младите македонски спортисти во сите спортови кои ќе бидат на програмата на овие Европски младински Олимписки игри, соопшти МОК.

На Европските младински олимписки игри во Скопје во 2025 години се очекува да учествуваат повеќе од 4.000 млади спортисти од 50 европски држави. зс/

Остани поврзан