• сабота, 27 јули 2024

Нова улица ќе се гради во валандовското село Балинци

Нова улица ќе се гради во валандовското село Балинци
Валандово,11 јули 2022 (МИА) - Во валандовското село Балинци ќе почне изградба на новата улица со што ќе се овозможи инфраструктурно поврзување на централниот дел од селото со Горна маала, потврдија денеска од локалната самоуправа во Валандово. Улицата, со чија изградба е предвидено решение за канализирање и на атмосферската вода, ќе биде долга 700 метри и ќе има широчина од четири метри. - Со изградбата на оваа улица всушност го решаваме најголемиот преостанат инфраструктурен проблем на повеќе од 40 домаќинства на кои значително ќе им се подобрат условите за живот, велат од надлежната општинска служба. Општинарите најавија дека преку системот за праведен пристап во распределбата на јавните средства, ќе продолжат со рамномерно инвестирање при решавањето на инфраструктурните проблеми во сите населени места на територијата на општина Валандово. им/цр

Остани поврзан