• сабота, 28 декември 2024

Нова ТВ: Во Бугарија илегално се продава крвна плазма како лек за Ковид-19

Нова ТВ: Во Бугарија илегално се продава крвна плазма како лек за Ковид-19
Софија, 6 јануари 2021 (МИА) - Бугарската телевизија Нова објави дека во земјата „на црно“ се продава крвна плазма од оздравени пациенти од Ковид-19. Цената на крвната плазна е над 2.500 евра. Новинарите на телевизијата Нова, претставувајќи се како заинтересирани купувачи, се сретнале со посредниците во кругот на една софиска болница. Посредниците тврделе дека крвната плазма е од човек кој оздравел од Ковид-19 пред два месеца и оти за тоа ќе достават и ПЦР тест. По прилогот на телевизијата Нова Софиското обвинителство покрена истрага. - Трансфузијата на крвна плазма не е универзален лек и ако не е по препорака на лекар туку самоиницијативно, би можела да биде штетна. Терапијата со крвна плазма не е потврдена и се заснова само на прелиминарни студии. Важно е луѓето да го знаат ова, истакна бугарската експертка за медицинско право Марија Петрова. Таа додаде дека продажбата на крвна плазма е кривично дело. ми/

Остани поврзан