• четврток, 26 декември 2024

Нова сензорна соба во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром

Нова сензорна соба во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром
Скопје, 13 септември 2021 (МИА) - Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром доби нова сензорна соба, преку донација на Евроинс Осигурување. Ова е втора донација, откако минатата недела беше отворена сензорна соба во училиштето „Блаже Конески“ .
На отворањето на сензорната соба присуствуваа извршната директорка на Евроинс Осигурување - Ралица Губерова, која посочи дека со оваа донација уште еднаш ја покажуваат својата општествена одговорност и безрезервна поддршка за најранливите категории.
-Среќни сме што во краток период успеавме да опремиме две сензорни соби во училиштата „Блаже Конески“ и „Ѓорѓија Пулевски“ кои се наменети за учење и развој на учениците со попреченост, рече Губерова.
Директорот на училиштето „Ѓорѓија Пулевски“, Марјан Јовановски истакна дека сензорната соба ќе биде од огромна важност при работата со децата со попреченост.
-Сметам дека сензорната соба ќе помогне да се унапреди вклучувањето на децата со попреченост во секојдневните училишни активности и ќе претставува катче за индивидуална работа согласно наставниот план, рече директорот.
Донацијата на Евроинс Осигурување е во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.
Раководителот на проектот, Елена Мишиќ истакна дека со ваквите инфраструктурни подобрувања во училиштата значително ќе се подобрат условите за редовна настава на децата со попреченост и додаде дека крајната цел на проектот е целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта.
Проектот „Биди ИН“ го спроведува Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со своите партнери „Инклузива“ од Куманово и „Хандимак“ од Тетово.бт/са/

Остани поврзан