Нова сензорна соба во средното училиште „Браќа Миладиновци“
- СООПШТЕНИЕ - Во средното училиште на Град Скопје „Браќа Миладиновци“ пуштена е во употреба нова сензорна соба која ќе им овозможи поинклузивен тек на образовниот процес на средношколците со попреченост од нашите скопски училишта.

25 февруари 2025
Во средното училиште на Град Скопје „Браќа Миладиновци“ пуштена е во употреба нова сензорна соба која ќе им овозможи поинклузивен тек на образовниот процес на средношколците со попреченост од нашите скопски училишта.
Досега Град Скопје опреми сензорни соби во повеќе градски средни училишта, а проектот продолжува да се реализира во сите 23 средни училишта на Град Скопје со цел креирање инклузивна средина за сите скопски средношколци.
Град Скопје во континуитет ги реализира активностите со кои е предвидена поддршка за средношколците со попреченост преку имплементирање проекти кои имаат клучна улога во подобрувањето на благосостојбата, обезбедувајќи безбеден и удобен простор прилагоден на нивните секојдневни потреби.
Град Скопје
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.