• сабота, 23 ноември 2024

Нова рунда од „тријалогот“ за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан 

Нова рунда од „тријалогот“ за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан 

Брисел, 20 март 2024 (МИА) – Претставници на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент денеска ќе одржат нова рунда преговори во рамки на „тријалогот“ за Предлог-регулативата за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, на која ќе присуствува и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји во својство на претставник на Европската комисија.  

Станува збор за законски текст што го регулира функционирањето на инструментот за финансиска поддршка на Планот на Европската комисија за раст на Западниот Балкан, чија цел е поттикнување на демократскиот, економскиот и социјалниот напредок на земјите од регионот аспиранти за членство во ЕУ, промоција на поголема регионална соработка и стабилност и постепеното приближување на овие држави кон структурите на Унијата.  

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, основна премиса на идејата на Еврокомисијата при предлагањето на Планот беше целосната убеденост во европската перспектива на земјите од Западниот Балкан - Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора и потребата од зајакнување на блиските културни, историски и географски врски и меѓусебната соработка во голем број важни области.  

Во регулативата предложена од ЕК се наведува дека таа се носи имајќи ги предвид заедничкиот интерес на Унијата и нејзините партнери од Западен Балкан за унапредување на напорите за реформирање на политичките, правните и економските системи на земјите од регионот, со цел нивно идно членство во Унијата.  

- Перспективите за членство во Европската Унијата имаат силен трансформациски ефект, што вклучува позитивни демократски, политички, економски и социјални промени, се додава во текстот.  

За забрзување на долгата процедура за усвојување на законските предлози, директивите или регулативите во Европската Унија, институциите на ЕУ го воведоа методот наречен „тријалог“ меѓу Европс

Во документот се посочува дека во моментов БДП-то по глава на жител во земјите од регионот според стандардите на куповна моќ, се уште е на многу ниско ниво помеѓу 30 и 50 отсто од просекот на ЕУ и не се зголемува доволно брзо, па затоа со цел да се намали таа разлика Европската комисија го предложи Планот за раст на Западниот Балкан. Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан, пак, е замислен како нов финансиски инструмент.  

Во текстот натаму се додава дека целта на Механизмот е да се зголеми финансиската поддршка на земјите од регионот за спроведување на неопходните реформи за поттикнување на економскиот раст, регионалната интеграција и заедничкиот регионален пазар.  

- За да се постигнат овие цели, посебен акцент, особено кога станува збор за инвестициите, треба да се стави на секторите кои веројатно ќе бидат клучни мултипликатори на социјалниот и економскиот развој: поврзувањето, вклучувајќи го транспорт, енергијата, зелената и дигиталната транзиција, образованието и развојот на вештини, се наведува во документот.  

Механизмот, исто така, треба да ги поддржува и инвестициите и реформите кои го трасираат патот на земјите од регионот кон дигитална трансформација на економиите и општествата во согласност со амбициите за остварување на дигиталните цели на ЕУ до 2030 година и за гарантирање на безбедноста, флексибилноста и заштитата на интегритетот на дигиталната инфраструктура во регион, како и за поттикнување на зелената транзиција преку зголемена заштитата на животната средина, ублажување на климатските промени, зајакнување на отпорноста и забрзување на трансформацијата кон економии со ниски емисии на јаглерод.  

Во документот се потенцира дека Механизмот не треба да претставува замена на сегашната билатерална и регионална поддршка за земјите од регионот, туку дополнителна помош за нивна подготовка за членство во Унијата.  

Поцврст став од Брисел, што очигледно недостасуваше минатата недела во врска со контроверзниот документ во којшто се предлага промена на граници на Западен Балкан, ќе ги смиреше страстите во

- Во рамките на Механизмот треба да се обезбеди поддршка за остварување на општите и специфичните цели врз основа на утврдени критериуми и со јасни услови за исплата. Општите цели на Механизмот треба да бидат забрзување на регионалната економска интеграција, постепена интеграција со единствениот пазар на Унијата, социо-економска конвергенција на економиите на Западниот Балкан и усогласување со законите, правилата, стандардите, политиките и практиките на Унијата за постигнување на целта за членство во Унијата. Механизмот треба да придонесе и за забрзување на реформите поврзани со основните принципи на процесот на проширување, вклучувајќи го владеењето на правото, јавните набавки и контролата на државната помош, управувањето со јавните финансии и борбата против корупцијата. Овие цели треба да се постигнат на таков начин што ќе се надополнуваат една со друга, се додава во Предлог-регулативата.  

Во документот се наведува и дека максималната сума на финансиската поддршка во рамки на Механизмот треба да биде шест милијарди евра за периодот од 2024 до 2027 година, од кои две милијарди евра во форма на грантови и четири милијарди евра позајмици, при што најмалку половина од вкупниот износ треба да се распредели преку Инвестициската рамка за Западниот Балкан (ВБИФ), вклучувајќи го и целиот износ на грантовите.  

- Со оглед на амбициозните општи цели на овој Механизам со краток период на имплементација, Регулативата треба да стапи во сила наредниот ден по нејзиното објавување во Службениот весник на Европската унија, се наведува во документот.  

Во предлог-измените на Регулативата усогласени од страна на Европскиот парламент се предвидува зголемување на сумите предвидени за неповратната финансиска поддршка и поголема флексибилност во однос на условите на позајмиците.  

Европскиот парламент на денешната пленарна сесија во Стразбур нагласи дека мора да се дадат гаранции за заштита на граѓаните, а потоа ја даде својата согласност за договорот за излез на Обеди

Според мислењето на ЕП, исто така, е потребен голем степен на флексибилност во однос на исплатата на овие средства условена со реализација на однапред утврдените реформски агенди, имајќи ги предвид „неодамнешните кризи кои продолжуваат да ги погодуваат земјите од Западниот Балкан“. 

Европратениците бараат меѓу условите за исплата на средствата да бидат и подобрување на социјалните и работните услови, обезбедување одржлив развој и борбата против нерамноправноста, особено меѓу мажите и жените, како и инвестициите да бидат насочени кон поддршка на регионот во транзиција кон зелена, климатски неутрална, флексибилна, дигитална и инклузивна економија.   

Дополнително ЕП инсистира приоритет да биде ставен на целите поврзани со основните вредности на ЕУ, како владеењето на правото и демократијата, заштитата на човековите права и основните слободи, промоцијата на независен судски систем, зајакнувањето на борбата против измамите, корупцијата, организираниот криминал, перењето пари и даночното затајување, почитувањето на меѓународното право, слободата на медиумите и академската слобода, како и создавање на амбиент за развој на граѓанското општество, поттикнување на социјалниот дијалог, промовирање на еднаквост меѓу мажите и жените, недискриминација и толеранција и зајакнување на почитувањето на правата на лицата кои припаѓаат на малцинските заедници.  

Според оценката на ЕП, овој инструмент треба да им овозможи на економиите од Западниот Балкан да се приближат до ЕУ усогласувајќи се со европските стандарди, како и да ги засили културните, образовните, академските, истражувачките и креативни партнерства на регионот со оние на Унијата, бидејќи покрај зајакнувањето на економиите, постои значителен потенцијал и за развој на поблиски односи и поголемо меѓусебно разбирање.  

Попладнево амбасадорите на земјите членки во ЕУ по брза постапка го одобрија предлогот да се деблокираат 37 милијарди евра помош за справување со последиците од пандемијата на коронавирусот,

Во предлогот пак на Советот на ЕУ е предвидува допрецизирање на специфичните цели на Механизмот и на условите за исплата на финансиската поддршката. Еден од клучните предлози се однесува на зајакнување на улогата на Советот на ЕУ во управувањето со Механизмот, особено при усвојувањето и дополнувањето на реформските агенди на земјите од Западниот Балкан и на следењето и оценката во исполнувањето на поставените услови за исплата на поддршката.    

Исто така, Советот предлага да се става и посилен фокус на усогласувањето на земјите од регионот со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.    

Европската комисија го претстави новиот План за раст за Западниот Балкан на 8 ноември минатата година. Тој се базира на четири столба насочени кон зајакнување на економската интеграција на земјите од Западниот Балкан со единствениот европски пазар, зацврстување на економската интеграција меѓу државите во регионот преку заеднички регионален пазар, забрзување на основните реформи и зголемување на финансиската помош за поддршка на реформските процеси преку Механизмот за реформи и раст.    

Со ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021-2027 година, за Механизмот за реформи и раст на Западниот Балкан беа одвоени две милијарди евра дополнителни средства. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан