• четврток, 12 февруари 2026

Нова пумпа за прочистување на Дојранското Езеро

Нова пумпа за прочистување на Дојранското Езеро

Дојран, 11 февруари 2026 (МИА) - Нова колекторска пумпа денеска е поставена во близина на плажата Калдрма во населеното место Нов Дојран. Надлежните најавуваат подобра работа на колекторскиот систем за прочистување на езерските води.

- Ова е прва од неколкуте пумпи што ќе се постават на потегот од Нов до Стар Дојран, соопшти Јавното комунално претпријатие „Комуналец - Полин“ од Дојран.

Од претпријатието очекуваат да се реши проблемот со одведување на отпадните води до колекторската станица во Дојран. рш/мд/

Фото:  МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан