• недела, 28 јули 2024

Нова пешачка патека во Градски парк Кавадарци 

Нова пешачка патека во Градски парк Кавадарци 

Кавадарци, 9 јуни 2021 (МИА) - Нова пешачка патека е изградена во градскиот парк „Љупчо Шкартов” во Кавадарци, во рамките на реконструкцијата на овој дел од градот, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- Новата пешачка патекa е со павер елементи во должина од 520 метри и на неа се поставени канделабри, за граѓаните да можат непречено да се движат по патеката во вечерните часови. Исто така во паркот се изврши санирање на оштетените камени ѕидови со обѕидување на истите, а на дел од пешачките патеки се изврши и реконструкција со гранитни коцки. Се поставија нови парковски рабници на бетонска подлога и се постави нова чешма за пиење вода, како и бетонска платформа околу чешмата, појаснија од градоначалничкиот кабинет. свд/оџ/

Остани поврзан