• петок, 15 ноември 2024

Нова опрема за осветлување во Центарот за култура во Кичево

Нова опрема за осветлување во Центарот за култура во Кичево
Скопје, 24 септември 2021 (МИА) - Во Центарот за култура во Кичево е инсталирана нова најсовремена опрема за осветлување на салата и сцената. Целокупниот зафат чини околу 700 илјади денари, средства обезбедени од Министерството за култура, одобрен проект за 2021 година и 400 илјади денари средства обезбедени од Центарот за култура преку сопствени заштеди. - Она што најмногу и недостигаше на големата сала од Центарот за култура во Кичево, беше ново современо осветление, бидејќи досегашното осветление беше поставено пред 40 години кога Центарот за култура почнал официјално со работа.Средствата ги обезбедивме со подршка на Министерството за култура на РСМ  за одобрен проект за 2021год. во износ  300 000 денари и  средства од сопствени заштеди од 400 000 денари.Опремата ја инсталира компанија од Скопје, истакна Мазлам Османи директор на Центарот за култура. Тој наведе дека со новата опрема за осветлување овозможени се услови за организирање на врвни театарски претстави, како и организирање коцерти и музички забави. - Со инсталирањето на новата опрема нашиот Центар за култура го доби она што му недостасуваше речиси четири децении. Старото и нефункционално осветление ја заврши својата примена и сега имаме најсовремена опрема со која се обезбедија услови за секаков вид концерти и драмски претстави. Она што зборувам најдобро може да се доживее да се дојде во салата на некој концерт или театарска претстава и фактички и сами да се уверите колку ова осветление е ефективно за самиот настан. Миксетата  како дел од новата опрема има капацитет за поставување поголем број на рефлектори, што им овозможува на гостите да постават онолку светла колку што сметаат дека им се потребни, додаде директорот Османи. за/цр

Остани поврзан