Нова, луксузна суперјахта-подморница
- Пред повеќе од 150 години, романот на Жил Верн „20.000 милји под морето“ ја раскажа приказната за подморницата „Наутилус“, па за концептот на подводна суперјахта се говори со години.

Лос Анџелес, 10 октомври 2022 (МИА) - Холандскиот производител на јахти, „У-боут воркс“ го претстави дизајнот на својата суперјахта вредна 25 милиони долари. Пловилото по име „Наутилус“ би можело да плови над водата, но и да нурне под површината и да остане таму до четири дена.