• петок, 27 декември 2024

Нова книга „Синдромот на самоуништувањето“ од Васил Костојчиноски

Нова книга „Синдромот на самоуништувањето“ од Васил Костојчиноски
Скопје, 22 јуни 2021 (МИА) - Во рамките на јубилејот-триесет години од основањето, „Матица македонска“ ја објави книгата „Синдромот на самоуништувањето во десницата на македонското движење во Бугарија (1918-1934)“ од Васил Костојчиноски. Делото е засновано на релевантни факти, низ кои се согледува судбината на македонското револуционерно движење и на погибијата на знаменити имиња, кои во братоубиствени борби ги положиле своите животи. -Состојбите на Македонското револуционерно движење во периодот меѓу двете светски војни по многу свои појавни форми претставуваат специфичен феномен, кој се уште не е дообјаснет, посебно феноменот  на меѓусебните убиства наречен „македонски феномен“. Заради тоа, приоритетен предмет на истражувањата дадени во оваа книга не е целината на процесите во Македонското национално движење во периодот од 1918 до 1934 година, туку само еден негов сегмент на меѓусебните убиства. Всушност, феноменот на меѓусебните убиства на македонското движење меѓу двете светски војни секогаш привлекувал големо внимание кај хроничарите на политичките процеси не само во Македонија туку и на Балканот. Комплексноста на проблемот ги  натерала историчарите  оваа појава да ја дефинираат како „македонски синдром“, констатира авторот во инструктивниот предговор на книгата. аа/са/

Остани поврзан