• сабота, 23 ноември 2024

Нова книга за деца на Џ. К. Роулинг на нејзината веб-страница

Нова книга за деца на Џ. К. Роулинг на нејзината веб-страница
Лондон, 26 мај 2020 (МИА) - Џ. К. Роулинг ги изненади обожавателите најавувајќи нова книга за деца, која од денеска ќе биде објавувана во делови на нејзината веб-страница и ќе биде достапна бесплатно. „Икабог“ е бајка и прва детска приказна на авторката која не е поврзана со „Хари Потер“, серијата книги за момчето волшебник, што ѝ донесе светска слава. Роулинг ја напишала „Икабог“ пред повеќе од една деценија за своите деца и решила да ја објави за време на пандемијата, пренесува Би-би-си. - Таа е за децата кои се во карантин, па дури и за оние кои одат на училиште во период на овие чудни, вознемирувачки времиња, рече таа. Поглавјата „Икабог“ ќе бидат објавувани секој ден од денеска до 10 јули. паг/

Остани поврзан