• недела, 17 ноември 2024

Нова зелена површина од над 3000 квадратни метри во населба Радишани

Нова зелена површина од над 3000 квадратни метри во населба Радишани
Скопје, 16 мај 2022 (МИА) - Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски и директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски, извршија увид на новата реализирана зелена површина на улицата „Бутелска“ во населбата Радишани во Општина Бутел, соопшти прес-службата на Град Скопје. Оттаму информираат дека долгодишната дивна депонија сега е нова зелена површина од над 3000 квадратни метри,  како и дека во првата фаза хортикултурно се уредени околу 1496 квадратни метри, а во втората завршна фаза уште 1500 квадратни метри. - Наместо долгогодишна дива депонија уредивме нова зелена површина на површина од над 3000 квадратни метри за граѓаните. Во оваа прва фаза на оваа површина засадени се над  200 зимзелени и листопадни садници. Продолжуваме со реализација на уредување и подигнување на нови зелени површини и зелени коридори во Скопје, изјави Арсовска. Костовски истакна дека новиот парк за граѓаните на општина Бутел содржи нови патеки за пешачење, посебен систем за наводнување, зимзелени и листопадни дрвца, нови летниковци како и содржини за најмладите. Комплетно  реконструирано е и фудбалското игралиште коешто се наоѓа во овој потег, рече Костовски. За комплетно уредување на оваа зелена површина, екипите на ЈП „Улици и патишта“ во средишниот дел на паркот изградија пешачка патека, поставена е заштитна ограда и заштитни столпчиња.лв/мс/

Остани поврзан