• среда, 27 ноември 2024

Нова жртва на коронавирусот во Косово, вкупно седуммина починати

Нова жртва на коронавирусот во Косово, вкупно седуммина починати

Приштина, 9 април 2020 (МИА) – Министерството за здравство на Косово вечерва објави дека уште едно лице заразено од Ковид-19 почина на Инфективната клиника при Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, со што бројката на починати од епидемијата на новиот коронавирус се зголеми на седум, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на министерството се наведува дека станува збор за 71-годишник, жител на општина Гњилане.

Заклучно со вчерашниот ден, во Косово се регистрирани 224 заразени од Ковид-19, како и 37 лица кои претходно биле дијагностификувани позитивни на вирусот, а кои по вторпат едноподруго резултирале негативни на тестирањата, што според препораките на СЗО значи дека се излекувани.иа/сд/

Остани поврзан