• недела, 24 ноември 2024

Нова група aмерикански волонтери пристигнува во Северна Македонија

Нова група aмерикански волонтери пристигнува во Северна Македонија

Скопје, 10 септември 2023 (МИА) - Вкупно 38 Американци утре треба да пристигнат во Северна Македонија за да служат како волонтери во Мировниот корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство волонтирајќи во училишта и организации низ државата.

Волонтерите ќе бидат пречекани на аеродромот од страна на директорот на Мировниот корпус во Северна Македонија, Дебора Конор.  

За време на нивниот двогодишен престој во Северна Македонија, волонтерите ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини.

-Ова е 26-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ државата. Во текот на првите три месеци, волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура. Својата служба во Северна Македонија ќе ја почнат во декември. Повеќе од 800 американски државјани служеле во државава од 1996 година, информираат од Мировниот корпус.

Мировниот корпус е американска владина организација која ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика. мч/аа/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан