• недела, 24 ноември 2024

Нова водоводна мрежа во Влае

Нова водоводна мрежа во Влае
Скопје, 29 јули 2021 (МИА) - Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека инвестицискиот циклус за обнова и подобрување на водоводната и канализационата мрежа продолжува со изведба на нова водоводна линија по дел од ул. „Влае“ и ул.„Франц Прешерн“. Инвестицијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје за изведба на овој проект е во вредност од околу 7.206.660 денари. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје посочуваат дека континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, со цел задоволување на потребите на корисниците. - ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје пристапи кон изработка на проектно техничка документација за изведба на оваа водоводна линија во согласност со ДУП-от за овој дел од градот со што старата поцинкувана мрежа со дијаметар од 51мм ќе се замени со нова водоводна мрежа од дуктилно лиени железни цевки со дијаметар од 100мм што би значело изградба на водоводна мрежа со соодветен профил и материјал. Со новата водоводна мрежа ќе се овозможи и оформување на циркулационен прстен со цел подобрување на водоснабдувањето за корисниците од овој дел, посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација Скопје.фф/дма/

Остани поврзан