• понеделник, 29 јули 2024

Нова водоводна и фекална мрежа за 77 домаќинства во Тафталиџе 1

Нова водоводна и фекална мрежа за 77 домаќинства во Тафталиџе 1
Скопје, 4 ноември 2020 (МИА) - Во завршна фаза е изведбата на фекална и водоводна мрежа на улицата „Варшавска“ во Тафталиџе 1, од кружниот тек на улицата „Париска“ кон улицата „Лондонска“. Со надградба на инфраструктурата се обезбедува приклучок на постоечките и новоизградените објекти на новата водоводна и фекална мрежа. Инвестицијата е во вредност од околу 20 милиони денари. - Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ работат на враќање на теренот во првобитна состојба. Имено, средишниот дел од улицата е веќе асфалтиран (каде што се наоѓа фекалната канализација) и останува уште страничниот дел (водоводната мрежа). Овој дел наскоро треба да се асфалтира, откако сите домаќинства ќе се приклучат на водоводната мрежа, информираат од прес-службата на Општина Карпош. На теренски увид денеска беа градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски. - Ова е потег којшто изминатите години беше најпогоден од агресивната и непланска урбанизација. Беа изградени повеќе објекти, кои придонесоа и за нови комунални проблеми. Како локална самоуправа правиме напор да се санира штетата и да обезбедиме колку што е можно подобро живеење и во овие населби, истакнал Богоев. Тој потсетил дека минатата година, Општина Карпош и ова јавно претпријатие го реконструираа и другиот дел од улицата „Варшавска“, од бул. „8 Септември“ до кружниот тек на „Париска“. Таму се асфалтираше коловозот, а беше поставена и нова водоводна и фекална мрежа. Весковски се осврнал на фактот дека со оваа инвестиција се обезбедува подобро водоснабдување и канализациона мрежа за вкупно 77 домаќинства.фф/са/

   

Остани поврзан