• четврток, 26 декември 2024

Нова вертикална сообраќајна сигнализација на повеќе улици во oпштина Центар

Нова вертикална сообраќајна сигнализација на повеќе улици во oпштина Центар
Скопје, 20 јануари 2021 (МИА) - Екипи на oпштина Центар поставија нови сообраќајни знаци на улиците во зони на основни училишта и градинки и тоа на „Мирче Ацев“, во непосредна близина на ООУ „11-ти Октомври“, на улица „Стив Наумов“ во близина на ЈУДГ „Раде Јовчевски - Корчагин“ – објект „Пепелашка“ и на улиците „29-ти Ноември“ и „Радњанска“, во близина на ООУ „Коле Неделковски“. Како што информира oпштина Центар, денеска општинските служби ја обновуваат вертикалната сообраќајна сигнализација на улицата „Тасино Чешмиче“, во зона на детската градинка „Кочо Рацин“ – објект „Панорама“. Покрај обновувањето на вертикалната сообраќајна сигнализација, oпштина Центар редовно ја одржува и хоризонталната сообраќајна сигнализација, а изминатиот период постави и девет подигнати пешачки платоа во близина на детските градинки и основните училишта. - Со овие активности се олеснува ориентацијата и се нормализира движењето на учесниците во автомобилскиот сообраќај, а се зголемува степенот на безбедност на родителите и децата кои престојуваат во детските градинки и посетуваат настава во основните училишта, се вели во соопштението од oпштина Центар. мд/ац/

Остани поврзан