• понеделник, 29 јули 2024

Нова верзија на „Човек со месечина во очите“ на Балашевиќ, отпеана во живо

Нова верзија на „Човек со месечина во очите“ на Балашевиќ, отпеана во живо

Белград, 20 ноември 2023 (МИА) - На официјалниот Јутјуб-канал на Ѓорѓе Балашевиќ излезе нова верзија на песната „Човек со месечина во очите“ отпеана во живо. Песната е посветена на хрватскиот град Вуковар и „сите разурнати градови на светот“, како што еднаш посочи покојниот српски пејач и поет.

На каналот што го води семејството на Балашевиќ има студиски и неколку верзии на песната во живо. Последната верзија изведена во живо е објавена синоќа.

Песната е дел од култниот албум „Еден од оние животи“. На истиот албум се наоѓа и песната „Криви сме ние“ - уште една антивоена песна на Балашевиќ, а по таа плоча, српскиот пејач ги навлече на себе критиките меѓу приврзаниците на Слободан Милошевиќ и тогашната српска власт.  си/сд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан