• четврток, 26 декември 2024

Новата СОС-функција на „Ајфон 14“ достапна во САД и Канада

Новата СОС-функција на „Ајфон 14“ достапна во САД и Канада

Лос Анџелес, 16 ноември 2022 (МИА) - Почнувајќи од денеска, корисниците на „Ајфон 14“ во САД и Канада можат да ја користат функцијата „Emergency SOS“ за повикување помош преку сателит.

СОС-функцијата овозможува контакт со службите за итни случаи дури и од места без мрежна покриеност или вифи. Тоа функционира така што корисникот одговара на краток прашалник со обезбедување клучни податоци, т.е. за каков вид итен случај се работи, на колку луѓе им е потребна помош и слични подробности. Информациите потоа се пренесуваат директно до службите за итни случаи. Корисниците ќе може да испраќаат и примаат дополнителни пораки за да ја разјаснат состојбата. Сателитската врска може да послужи и за споделување на местоположбата со пријателите и семејството. Оние кои го купиле „Ајфон 14“ пред пуштањето во употреба на СОС-функцијата имаат бесплатен период на користење од две години. Не се знае колку ќе чини претплатата по тој период. Во декември оваа можност ќе ја добијат и корисниците во Франција, Германија, Ирска и Велика Британија.  си/паг/

Остани поврзан