• вторник, 12 ноември 2024

Новата рекламна кампања на Бајден вредна 50 милиони долари е насочена кон осудата на Трамп за кривично дело

Новата рекламна кампања на Бајден вредна 50 милиони долари е насочена кон осудата на Трамп за кривично дело

Вашингтон, 18 јуни 2024 (МИА) - Предизборниот штаб на американскиот претседател Џо Бајден ќе се фокусира кон пресудата за кривично дело на републиканскиот противкандидат Доналд Трамп во кампања од 50 милиони долари пред првата претседателска дебата меѓу двајцата кандидати на 27 јуни.

Тоа е еден од најголемите трошоци за рекламирање на кампањата досега и означува голема промена во пристапот на Бајден кон признавањето на вината на Трамп по првичното колебање на претседателот да донесе одлука за ова прашање за да избегне вмешаност во правните проблеми на поранешниот американски претседател.

„Репутацијата е важна“ е слоганот на рекламата од 30 секунди во која се вели дека „овие избори се меѓу осудениот криминалец кој се бори за себе и претседателот кој се бори за вашето семејство“, правејќи спротивставеност меѓу двајцата кандидати.

Видеото ќе се емитува во сите клучни држави, како и во оние каде што републиканците и демократите си разменија пратенички места на последните избори.

На 30 мај, Трамп беше прогласен за виновен од поротата во Њујорк по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни документи.

-Нечесниот Џо Бајден и демократите го користеа правосудниот систем како оружје против претседателот Трамп, а оваа нова реклама уште еднаш докажува дека лажното судење отсекогаш имало за цел да се меша во изборите, но Американците можат да го сфатат тоа, напиша на социјалните мрежи портпарол на кампањата на Трамп на мрежата „Х“.

Бајден и Трамп остануваат изедначени во анкетите на помалку од пет месеци пред изборите, но Трамп има предност во клучните држави кои ќе одлучуваат за изборите. мс/

фото: Принтскрин Јутјуб

Остани поврзан