• четврток, 26 декември 2024

Новата македонска амбасадорка во Бугарија ги врачи акредитивите на Петрова

Новата македонска амбасадорка во Бугарија ги врачи акредитивите на Петрова
Софија, 28 септември 2022 (МИА) - Заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова денеска ги доби копиите од акредитивните писма на новата вонредна и ополномоштена амбасадорка на Република Северна Македонија во Бугарија, Агнеса Руси Поповска. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петрова ја пречекала новата амбасадорка изразувајќи задоволство од страна на властите во Софија, што по долг период Северна Македонија има вонреден и ополномоштен амбасадор во Бугарија и изразила надеж дека тоа ќе придонесе кон продлабочување на добрососедските односи помеѓу двете земји. Заменик-министерката за надворешни работи ја изразила и поддршката на Бугарија за европските интеграции на Северна Македонија. Истовремено, според Петрова, неопходно е и да се вложат доследни напори за враќање на довербата и градење искрена и позитивна атмосфера со билатералниот дијалог. Таа додала дека е од исклучителна важност постигнатите договори да дојдат до израз и во реални резултати Амбасадорката Руси Поповска изразила благодарност за брзиот одговор за одржување на средбата и ги дефинирала последните случувања од билатералниот договор, како и новата страница во односите меѓу Скопје и Софија. Двете соговорнички за време на средбата се согласиле дека со заеднички напредок на политичко ниво, од интерес на граѓаните за двете држави е да се постигнат видливи резултати во соработката во одделни сектори. нк/ки/    

Остани поврзан