• среда, 25 декември 2024

Новак: Сè е можно во животот, но не и ЕУ да го отфрли рускиот гас

Новак: Сè е можно во животот, но не и ЕУ да го отфрли рускиот гас
Москва, 24 март 2022 (МИА) - Европа нема да може да најде замена за рускиот гас во следните пет години, изјави потпретседателот на руската влада Александар Новак во интервју за „Русија 1“. „Проценете сами: што се однесува до гасната индустрија, ние испорачуваме околу 200 милијарди кубни метри гас, додека Европа троши 500 милијарди кубни метри - речиси 60 отсто од извозот. Дефинитивно нема што да го замени за една година или за три или пет години“, рече Новак. Тој додаде дека „сè е можно во овој живот, но целосното отфрлање на руската енергија од Европа е еден вид апокалиптично сценарио“. паг/  

Остани поврзан