• сабота, 23 ноември 2024

Новак: Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

Новак: Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина
Москва, 15 септември 2022 (МИА) - Рускиот вицепремиер Александар Новак денеска изјави дека извозот на руски гас во Европската унија годинава ќе се намали за 50 милијарди кубни метри - што е една третина од вкупниот минатогодишен извоз на руски гас во ЕУ. Минатата година Русија извезла околу 150 милијарди кубни метри гас во ЕУ. Испораките на руската енергија за Европа значително се намалија оваа година поради затворањето и големите санкции на Западот против Русија по инвазијата на Москва на Украина на 24 февруари. Пред инвазијата, Русија испорачуваше околу 40 отсто од гасот на ЕУ. Тој удел сега падна на 9 отсто, а Москва ги намали испораките за Европа и ги обвини западните санкции за падот. паг/      

Остани поврзан