• недела, 24 ноември 2024

Новак без коментар за азилот на поранешниот премиер Груевски

Новак без коментар за азилот на поранешниот премиер Груевски

Скопје, 6 февруари 2023 (МИА) – Претседателката на Унгарија, Каталин Новак, на заедничката прес-конференција во Скопје со нејзиниот домаќин шефот на државата Стево Пендаровски не сакаше да коментира за азилот доделен на поранешниот премиер Никола Груевски.

Таа рече дека е тоа прашање во надлежност на правосудните орган на Унгарија и изрази задоволство што тоа не влијаело на добрата билкатерална соработка меѓу двете држави.

-Во однос на Груевски би сакала да кажам дека тоа е во надлежност на нашето правосудство. Многу се радувам што за време на оваа моја посета се уверив оти нашата меѓусебна соработка на ниво на држави се гради и развива успешно, дека имаме добри основи таа и натаму да се развива и дека односите помеѓу унгарските и македонските граѓани се на високо ниво и тоа не влијае на никакви криминални прашања, или на никакви криминални односи, рече унгарската претседателка Новак на новинарско прашање.

Поранешниот премиер Никола Груевски во 2018 година избега од државата во Унгарија. Тој по скратена постапка доби политички азил од надлежните унгарски власти. 

Северна Македонија бараше негова екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на мерцедесот во случајот „Тенк“ на СЈО, и за настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Судот во Унгарија ги одби барањата на македонското МВР. вг/лв/

 

Остани поврзан