• четврток, 19 декември 2024

Нобеловата награда за хемија за тројца научници за работа во областа на клик хемијата

Нобеловата награда за хемија за тројца научници за работа во областа на клик хемијата
Стокхолм, 5 октомври 2022 (МИА) - Нобеловата награда за хемија денеска им беше доделена на научниците Каролин Бертоци, Бери Шарплес и Мортен Мелдал „за развој на клик хемијата и биоортогонална хемија“, соопшти Кралската шведска академија. Шарплес (81), американски научник од Институтот Скрипс, по вторпат е награден со престижната награда. Американскиот научник е петтиот човек кој двапати ја добил Нобеловата награда. Шарплес и Мелдал, дански научник од Универзитетот во Копенхаген, беа наградени за „воведување на хемијата во ерата на функционализмот и поставување на темелите на клик хемијата“, се наведува во соопштението. Американската научничка Бертоци од Универзитетот Стенфорд, како што се наведува, вовела нова димензија на клик хемијата и почнала да ја користи за мапирање на клетките. „Нејзините биоортогонални реакции сега придонесуваат за третмани за рак, меѓу многуте други примени“, истакнува Шведската кралска академија. паг/  

Остани поврзан