• петок, 27 декември 2024

НМСМ одржа Регионалнен форум за градење партнерствa за претприемачко учење

НМСМ одржа Регионалнен форум за градење партнерствa за претприемачко учење
Скопје, 28 октомври 2022 (МИА) - Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) во Скопје го одржа регионалениот форум за градење партнерства за претприемачко учење, каде учествуваа над 120 учесници од граѓански организации, претставници на институциите и бизнис секторот, младинскиот сектор, млади претприемачи и успешни ученички и младински компании од Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Турција. Како што информираат од НМСМ, Форумот имаше за цел да поттикне градење партнерства во регионот помеѓу сите чинители за младинското и ученичкото претприемништво. Учесниците имале можност да дискутираат за регулативната рамка за младински и ученички компании во регионот на Западен Балкан и Турција, како и потенцијалот за стратешки партнерства за младинско претприемништво. На отварањето на форумот, Мариана Ангелова, генерален секретар на Националниот младински совет на Македонија истакна дека младинското претпиемништво претставува едно од многуте решенија за намалување на младинската невработеност. - Се надевам дека од овој форум и од партнерствата кои ќе се формираат овде ќе проозлезат креативни и иновативни решенија за унапредување на програмите кои го поттикуваат претприемачкиот дух кај младите и креираат овозможувачка околина за младинско претприемништво. Но најважно, се надевам дека овој форум ќе ги инспирира сите чинители дека големите цели се постигнуваат само заеднички и дека само преку значајно учество на младите можат да се надминат пречките со кои тие самите се соочуваат, рече Ангелова. - Ми претставува особено задоволство што темата за претприемачко учење обедини голем број претставници од јавниот, приватниот и невладиниот сектор. За целиот Западен Балкан, многу е важно да се изгради екосистем за претприемништво во којшто ученичките и младинските компании ќе биде поттикнати и поддржани од целото општество и пред се од институциите. Токму тоа е целта на проектот BY LEAP, како и мисијата на сите организации вклучени во овој проект, посочи Дарко Радичанин, извршниот директор на „Junior Achievement“- Србија.фф/са/

Остани поврзан