• среда, 27 ноември 2024

НЛБ Банка за три квартали со нето-добивка од 33 милиони евра и раст од 3,8 проценти на кредитирањето

НЛБ Банка за три квартали со нето-добивка од 33 милиони евра и раст од 3,8 проценти на кредитирањето
Скопје, 27 октомври 2022 (МИА) - НЛБ Банка денеска објави дека го завршила третиот квартал од годината со нето-добивка од 33 милиони евра што претставува зголемување од 21 процент во однос на претходната година, а во тој период ја зголемила кредитната поддршка за населението и домашниот бизнис-сектор за 3,8 проценти. Вкупните кредити што Банката ги пласирала кон населението и бизнис-секторот достигнале вредност од 1.107 милиони евра. - Растот на кредитирањето во најголема мера се должи на порастот на кредитите од седум проценти во сегментот домаќинства, додека кредитирањето кај правните лица бележи намалување од 2,6 проценти. Вкупните депозити на банката се намалени за 1,2 проценти, соопшти НЛБ Банка. Очекувањата на Банката се дека во наредниот период ќе се одржи макроекономската стабилност на земјата како предуслов за натамошен развој. Најавува дека ќе продолжи да обезбедува кредитна поддршка за населението и приватниот сектор што ќе има значаен придонес во целокупниот макроекономски и финансиски амбиент на земјата. лв/са/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан