• недела, 24 ноември 2024

Ница ќе потроши 80 милиони евра за трансфери

Ница ќе потроши 80 милиони евра за трансфери
Ница, 13 мај 2020 (МИА) - Сопственикот на Ница, Џим Ратклиф и неговата компанија „ИНЕОС“ ќе издвојат 80 милиони евра за летни трансфери, објави „РМЦ“. Претходно, спортскиот директор на клубот, Жулиен Фурние, истакна дека клубот нема да купува скапи играчи. За потсетување, францускиот фудбалски клуб одлучи да не ги откупи правата на Риза Дурмиси, Муса Ваџ и Адам Унас, кои играа за „орлите“ оваа сезона на позајмица. Дефанзивецот Маланг Сар, кој го завршува договорот, исто така, ќе го напушти тимот. зс/

Остани поврзан