• четврток, 26 декември 2024

„Нисан“ управуван од Пол Вокер во „Брзи и бесни“ оди на наддавање

„Нисан“ управуван од Пол Вокер во „Брзи и бесни“ оди на наддавање

Лос Анџелес, 15 септември 2022 (МИА) - Автомобил „Нисан скајлајн ГТ-Р (Р34)“, што бил управуван од починатиот глумец Пол Вокер во „Брзи и бесни 4“ ќе биде понуден на аукција.

Вокер бил толку голем обожавател на „Р34“ што самиот инсистирал да го вози во два филма од серијалот. Овој примерок е произведен 2000 година и е единствен што „Каизо индустрис“ го подготви за филмовите. Возилото има 2,6-литарски шестцилиндричен мотор, сега со нов интеркулер „Турбонетикс“, а претрпе и неколку други модификации за уште подобра динамика. За спуштање на автомобилот се поставени пружини „Низмо“, а за запирањето се поставени сопирачките Ротора со шест и четири клипа. Надворешниот изглед е суптилно променет благодарение на браникот „Низмо 2“, странични прагови, 19-инчните тркала „Фолк рејцинг РЕ-30“, како и издувен систем „Низмо НЕ-1“. За разлика од сребрено-синиот пример од вториот филм, овој е прилично суптилен. Пол Вокер имал удел во дизајнирањето на возилото, затоа што не сакал налепници и „шаренило“... Неговите желби беа исполнети, а резултатот е - еден од најубавите автомобили во целиот филмски серијал.  си/сд/

Остани поврзан