• сабота, 28 декември 2024

Никој вакциниран не починал од Ковид

Никој вакциниран не починал од Ковид
25 март 2021 година Индекс,Загреб
„Вирусите се паметни суштества“
Појавата на нови варијанти значи дека вирусот го прави она што го прават сите вируси - мутира.
Секогаш кога вирус ќе зарази клетка, тој го копира неговиот генетски материјал. Ова не е совршен процес и одвреме-навреме некои копии ќе имаат неколку случајни грешки или мутации. Слично како луѓето да имаат повеќе печатни грешки ако го напишат истиот документ 20 пати.
Повеќето мутации не му помагаат на вирусот, а некои му штетат.
Но, понекогаш се случува мутација на вирус да овозможи полесно да се шири од клетка до клетка или од личност до личност. Варијантите кои имаат конкурентска предност со текот на времето ќе ги надминат помалку успешните варијанти.
Станува збор за преживување на најспособните, само на микроскопско ниво.
„Вирусите се паметни суштества“, вели Даглас Ричман, вирусолог од Калифорнискиот универзитет во Сан Диего.
„Тие ја забрзуваат еволуцијата на Дарвин“.
Прашање на време беше кога коронавирусот ќе мутира, така што ќе стане позаразен. Многу од новите варијанти му помагаат на вирусот подобро да се закачи на клетката пред да навлезе во неа. А другите варијанти се поотпорни на антитела, но тоа не значи дека вакцините се бескорисни.
Една од првите варијанти што ги разгорија стравовите беше британската, позната како Б.1.1.7. Истражувањата уште во јануари покажаа дека антителата создадени по вакцинирањето со вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ подеднакво добро ги блокираат и британската и оригиналната варијанта од Вухан.
Но, тие беа помалку ефикасни против таканаречените јужноафриканска и бразилска варијанта.
Тоа не е црно-бел свет
Вакцината на фармацевтскиот гигант „Џонсон и Џонсон“ ги имаше истите резултати. Таа беше ефикасна во студиите 72 проценти во САД, 66 проценти во Латинска Америка и 57 проценти во Јужна Африка.
„Веројатно не случајно вакцината е помалку ефикасна во области каде преовладуваат потешки локални варијанти“, рече научникот Ерика Олман Сафир од Институтот за имунологија во Ла Јола. Таа додава дека ова укажува на една многу важна работа - имунитетот не е црно-бело.
„Имунолошкиот одговор не е како ’пали-гаси’ прекинувач“, објаснува Сафир. „Тој е како голема сигнална табла, со многу опции и светилки. Некои може да бидат затемнети, но други светат“. Ова е затоа што вакцината стимулира имунолошки одговор против различни делови на вирусот, не само од една точка. Лансиран е цел спектар на антитела за да се запре инфекцијата и цела армија Т-клетки кои ги убиваат заразените клетки.
Таков широк, повеќеслоен напад, ја намалува веројатноста дека која билоили неколку мутации ќе го спречат имунолошкиот одговор. „Повеќето антитела и повеќето Т-клетки ќе ја завршат својата работа“, вели Сафир.
Што значат овие проценти?
Затоа е добро да се знае што всушност значи ефективноста на вакцината.
Кога регулаторните агенции бараат вакцината да биде најмалку 50 проценти ефективна, се мисли на нејзината ефикасност при запирање на сите симптоми на Ковид, вклучувајќи ги и оние безопасни како лесна главоболка, во споредба со плацебо.
Но, најважното нешто за вакцината е да ги одржи луѓето надвор од болниците и во живот.
Според тоа вакцините се исклучително ефикасни затоа што никој што во клиничко испитување се вакцинирал со вакцините на „Џонсон и Џонсон“, „АстраЗенека“, „Фајзер“ и „Модерна“ не починал од Ковид-19. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан