• среда, 25 декември 2024

Никол Кидман проговори за лошите последици од улогите во психолошки трилери

Никол Кидман проговори за лошите последици од улогите во психолошки трилери
Лос Анџелес, 12 јануари 2021 (МИА) - Никол Кидман во новото интервју за интернет-емисијата „ВТФ“, говори за тоа како последните две нејзини улоги во психолошките трилери „Големите мали лаги“ (Big Little Lies) и „Слом“ (The Undoing) ѝ влијаеле на психофизичкото здравје. Таа вели дека кај тие две улоги конкретно, таа „се стопила“ со ликот, во одредена смисла. - Дури, на снимањето на „Слом“, ми се случи, како - одеднаш да сум „тука“... Имаше некаква вознемиреност во врска со мојот карактер, како да ми беше непријатно со тоа која сум, вели Кидман. „Слом“ е мини серија од шест епизоди. Во неа, австралиската глумица го толкува ликот на сопруга на обвинет за убиство. - Зедов една недела слободна, бидејќи вашиот „имунолошки систем“ не ја знае за разликата меѓу глумата и реалноста..., додаде таа. Следниот филм каде што Никол Кидман ќе глуми, е историската драма „Човекот од север“ (The Northman)си/сд/

Остани поврзан