• среда, 18 декември 2024

Николоски: Талат Џафери и претседателката на Комисијата за избори и именувања играат игра за непополнување на местото во ДИК кое е за опозицијата

Николоски: Талат Џафери и претседателката на Комисијата за избори и именувања играат игра за непополнување на местото во ДИК кое е за опозицијата

21 декември 2023 

Изборниот законик е многу јасен, а тоа е дека изворите ги спроведува ДИК која е составена од 7 члена од кои 4 се на власта и 3 на опозиција. Во моментов опозицијата има два претставници затоа што едно место е испразнето откако Алијанса за Албанците промени страна влегоа во Влада тоа место се испразни и останува година дена непополнето што е спротивно на Изборниот законик каде има точни рокови за пополнување, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во централниот Дневник на МРТ
Според Николоски самото тоа што не се пополнува, и што Талат Џафери и претседателката на Комисијата за избори и именувања играат игра за непополнување на местото јасно говори дека  има други намери.

„Веројатно се свесни тоа е класично кривично дело. Се работи за злоупотреба на службена положба. И дури и со ваков изменет Казнен законик ги фаќа и има одговорност. Не може да не се почитува законот. Тоа повлекува и други работи, членовите на ДИК делегираат членови на избирачки одбори и набљудувачи што го гарантира текот на изборниот процес“, рече Николоски.

Потпретседателот Николоски укажа „ние нема да оставиме ова вака да помине“.
„Утре ќе има седница и се надевам ќе има разум кај владејачкото мнозинство и ќе се избере член од албанската опозиција или ние ќе преземеме порадикални чекори напуштање на ДИК, па нека организираат избори сами“, кажа Николоски.

Николоски укажа дека за изборите клучно и основно прашање е дали целиот процес ќе е демократски и фер, додавајќи во однос на коалицирањето дека со ова раководство на ДУИ коалиција нема.

 

Николоски: Бугарското вето е само добар параван, 5 земји членки не се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговори поради високото ниво на криминал и корупција

Главниот проблем за Македонија е тоа што најмалку 5 земји членки на ЕУ не се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговори заради високото ниво на криминал и корупција. Да не беше така проблемот со Бугарија ќе го решеа за едно претпладне или едно попладне, затоа што ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, туку имаме проблем со најслабата членка на ЕУ, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во централниот Дневник на МРТ говорејќи за реалните причини поради кои не беа отворени преговорите со Европската унија. 


„Многу повеќе ЕУ и треба на Бугарија отколку што Бугарија и треба на ЕУ и мене никој не може да ме убеди дека не можат да ги натераат да престанат да ставаат вето. Бугарското вето е само добар параван за останатите земји членки коишто мислат дека државава не заслужува почеток на преговори заради високото ниво на криминал и корупција“, потенцираше Николоски.

Тој исто така додаде дека сигналите коишто пристигнуваат од Бугарија за нови барања се само потврда за тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години.

„Македонија нема никаква гаранција дека нема да има следно бугарско вето, Македонија нема никаква гаранција дека следното барање нема да е националната фигура број еден на Македонците Гоце Делчев да биде прогласен за бугарски учител. Македонија нема никаква гаранција дека едностраната декларација на Бугарија во ЕУ за потеклото на македонскиот јазик којшто се карактеризира како дијалект на бугарскиот јазик нема да стане официјална позиција на ЕУ, како што и Македонија нема никаква гаранција дека било кога ќе ги заврши преговорите со ЕУ доколку во меѓувреме не прифати дека овдека живеат мнозинство население со бугарски корени коишто зборуваат јазик кој што е дијалект на бугарскиот јазик“, подвлече Николоски и додаде:

„Марија Габриел само го кажа тоа што ние го зборуваме со години, но проблемот е што оваа влада на СДСМ и на ДУИ јули минатата година стави потпис на таква работа, што е веројатно еден од најсрамните чинови во историјата на Македонија“.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан