• сабота, 23 ноември 2024

Николоски: Со пописот актуелната коалиција СДСМ-ДУИ сака да постигне политички цели

Николоски: Со пописот актуелната коалиција СДСМ-ДУИ сака да постигне политички цели
Скопје, 12 февруари 2021 Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во „Трилинг“ во 24 Телевизија, истакна дека со законот за попис актуелната коалиција СДСМ-ДУИ сака да постигне политички цели, па по тоа потребна е поддршка од граѓаните за да ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за укинување на овој штетен и политички попис. Во однос на пописот ВМРО-ДПМНЕ смета дека македонските граѓани треба да ни дадат поддршка за да поднесеме закон во Собранието кој ќе ја има народната поддршка, со кој што овој попис кој е предложен вака како што е ќе се укине, по две основи, првиот проблем е времето во кое се спроведува, а вториот момент е законот каков што е направен е надвор од Методологијата и она што е европски стандард или ЕУРОСТАТ кој што ги пропишува овие стандарди, затоа пто нема на пописот да се попишуваат оние кои живеат во Македонија, туку оние кои имаат државјанство, под услов тој којшто ќе кажува податоци за некој што не е во државата, а го познава да не лаже, објасни Николоски. Николоски посочи дека пописот во Македонија за жал после Охридскиот рамковен договор е политичко прашање, не е статистичко прашање и јасно е дека потребно е да се постигнат политички цели помеѓу актуелната коалиција СДСМ – ДУИ и затоа ниеден предлог на ВМРО-ДПМНЕ не бил прифатен од владеачкото мнозинство. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан