• среда, 18 декември 2024

Николоски: Извештајот е реален, избалансиран има сектори кои што се подобро оценети, но и сектори кои што се полошо оценети

Николоски: Извештајот е реален, избалансиран има сектори кои што се подобро оценети, но и сектори кои што се полошо оценети
Скопје, 14 октомври 2022 Сметам дека Извештајот е реален, избалансиран има сектори кои што се подобро оценети, но и сектори кои што се полошо оценети. И она што е за мене исклучетно значајно, и за што зборувам и во јавноста е во делот на борбата со организиран криминал и корупција. Мислам дека отворено и искрено Европската комисија зборува дека тука нема напредок. Практично зборуваат дека препораките кои што ги давале во минатите извештаи не се воопшто реализирани и дека тука треба да се направи повеќе. Ова беше клучна причина зошто неколку земји членки на ЕУ минатите години работеа таканаречени паралелни извештаи кои што се разликуваа од официјалниот извештај на Европската комисија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во емисијата Трилинг на ТВ 24. Николоски, потенцираше дека Европската унија констатира широко распространета корупција и нефункционален систем на владеење на правото во Македонија, односно како што рече тој дури и во презентацијата на комесарот за проширување Вархеј,  Комитетот за надворешни работи  на Европскиот парламент било потенцирано дека недостасува сериозен и системски ангажман во борбата со организираниот криминал и корупција. Имаше политичка причина зошто Европската комисија го правеше тоа така, сакаа да создадат услови за да може да се одржи препораката за почеток на преговорите и еве годинава откако мислат дека таква препорака се реализирала, иако факт е дека не се реализира, затоа што услов за да се реализира е промена на уставот. Но, да се вратам на основната тема, оваа година веќе одат со пореална проценка во тој дел, за разлика од претходните години каде што сликата малку по розово се претставуваше, а неколку земји членки, значи сериозни земји членки работеа паралелни извештаи кои што онолку колку што можев да ги прочитам се на линија на овогодинешниот извештај на ЕК, а тоа е дека недоволно се прави во овој дел. Дури и ако внимателно се следеше презентацијата на комесарот за проширување Вархеј во рамки на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, беше јасно потенцирана оваа линија дека недостасува  посериозен ангажман и системски ангажман во борбата со организираниот криминал и корупција, дециден е Николоски. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан