• среда, 25 декември 2024

Николоски: За четири дена остваривме три средби со европски премиери и две со министри за надворешни работи

Николоски: За четири дена остваривме три средби со европски премиери и две со министри за надворешни работи
Скопје, 22 јануари 2021 Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител реќе дека имал интензивни средби со претставници на меѓународната заедница во земјава, а се осврна и на средбите кои ги имаа со претседателот Христијан Мицкоски. -Имав интензивна агенда, се видов со претставници на меѓународната зедница во земјава и во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции. Загриженоста кај нив постои во најмалку два сектори, првиот, борба со организиран криминал и корупција и воопшто бладеење на право и вториот, реформи во јавна админситрација, и како трет за што е загрижен и секој граѓанин тоа е еконмијата, рече Николоски. Николоски се осврна на посетите на Унгарија, Словенија, Хрватска заедно со претседателот Христијан Мицкоски. -За четири дена успеавме да отвариме три средби со европски премиери и две со министри за надворешни работи, а Заев за шест месеци нема средба со премиер на ЕУ, рече Николоски. Николоски укажа на важноста на посетата на Словенија која е следна земја претседавач со ЕУ, како и на посетата на Унгарија, земја од која доаѓа комесарот за проширување на ЕУ, како и на тоа дека Унгарија е дел од Вишеградската четворка од која Унгарија е дел заедно со Полска, Словачка и Чешка, земји чии политики се многу наклонети кон Македонија. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан