• среда, 25 декември 2024

Николоски за случајот со Груевски: Партијата се прочистува, на народот му е преку глава од договори зад завеса

Николоски за случајот со Груевски: Партијата се прочистува, на народот му е преку глава од договори зад завеса

Скопје, 26 септември 2023 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ има еден систем на прочистување, на катарза, кој веќе неколку пати го прави и тоа е една од причините за опстојувањето на партијата како најсилна политичка партија. Тоа го правиме и сега, со случајот со поранешниот лидер на партијата Никола Груевски, порача денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

-Преку глава им е на луѓето од договори зад завеса на политичарите. Македонија стана земја на теории на заговор во која луѓето повеќе веруваат во теорија на заговор затоа што политичарите од врвот ги хранеа тие теории со непринципиелните и нечисти договори зад завеса. На таа работа сакаме да и ставиме крај. Секако не е лесно и во сопствена политичка партија да го направите, но мора ако сакате партијата да е чиста и здрава, за да може како таква да ја направи Македонија здрава и чиста од криминал и корупција, изјави Николоски за емисијата за „Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5.

Тој истакна дека приоритет е како после победата ВМРО-ДПМНЕ ќе влезе во идната влада, како и тоа дека е време ДУИ да оди во опозиција.

-Една од основните работи е досегашнава владејачка елита, пред се мислам и на ДУИ, да ја пратиме во опозиција и тоа е предуслов за функционален систем на владеење на правото. Второ е лошите пракси да се тргнат. Многу е важно луѓето што носат со себе, имаме добар тим и клучното дали луѓето се доволно чесни да направат чесна држава, рече Николоски.

Доколку пројдат уставните измени под бугарски диктат, а нема да пројдат, ве уверувам дека за најмногу шест месеци потоа ќе следи бугарско вето заради работата на Историската комисија, која е

Тој вчера во интервју  за „360 степени“ на ТВ МРТ 1 сподели материјали за кои тврдеше дека се дел од тајна комуникација меѓу поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Собранието, Талат Џафери, и уште едно лице. Притоа, Николоски покажа УСБ, за кое тврдеше дека е она што деновиве го спомнуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а сподели и три испечатени страници А4-формат за кои рече дека се содржината од УСБ-то.

Според Николоски, тоа се докази дека веќе подолго време поранешниот претседател на партијата Груевски е дел од сценарио за ослабување на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е тоа фамозно УСБ-стикче на коешто ги има измените на Кривичниот законик. Овие измени се доставувани до Али Ахмети, Талат Џафери и трета адреса од страна на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, рече вчера Николоски.

Укажа дека има јасна трага од каде е УСБ-то.

-Самото тоа што текстот од УСБ-то одговара на поминатиот текст во Собранието за измените на Кривичниот законик дава индиции, рече Николоски и потсети дека на комисиската расправа за Кривичниот законик кажал дека од овој закон има корист власта и поранешни структури од претходната власт.

Активностите на Никола Груевски, како што кажа, траат околу година и половина, а добиле на интензитет од февруари годинава. Комуникацијата со него ја поттикнале, пред сè, од политичката партија ДУИ, а потоа и СДСМ. Првично, според Николоски, планот бил да се привлечат пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои би гласале за уставните измени.

-Откако таа варијанта не успеа, акцијата се одвива со цел да се ослаби резултатот на ВМРО-ДПМНЕ на следните избори. Сите се свесни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои најмногу пратеници на изборите, но се прави обид резултатот да биде таков за да не може сама да прави влада, рече Николоски и додаде дека во такво сценарио ВМРО-ДПМНЕ би биле уценувани – дали за уставни измени, дали за ДУИ да продолжи да владее како досега или за нешто друго.

Американскиот Стејт департмент ги стави на црната листа за патување поранешниот премиер на Република Северна Македонија Никола Груевски и екс директорот на Управата за безбедност и контраразу

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, пак, во вчерашната епизода од „Тешки муабети” на Инфомакс изјави дека нема никаква врска со измените на Кривичниот законик и дека се измислица, како што рече, таканаречените докази за наводна негова поврзаност со СДСМ.

–Слушнав за тоа УСБ. Тоа е како бел лист хартија на кое е нешто исчукано. Секој може да направи УСБ за 15 минути и може да каже дека е од мене. Овие луѓе треба да се фокусираат на рушење на власта, која досега требаше да падне многупати. Секој може УСБ-то на компјутер да си го крсти Никола Груевски и да рече дека содржината е од мене, рече Груевски.

Тој демантираше дека измените на Кривичниот законик биле за неговите случаи и истакна дека доколку тој ги нарачувал измените, ќе нарачал измени за сите негови случаи, а не само за еден.

–Ако јас сум го нарачувал, ќе сум го нарачал за сите мои предмети, не за еден, како што е во случајот. Не можам да разберам зошто тргнаа во ваква операција на брутален напад против мене, имам претпоставки, не исклучувам дека некој нешто сака да им подметнува, да ги лаже. Варијанта е дека можеби се принудени, уценети, ама ова е прилично евтина приказна, со ваков-таков доказ, а нема ништо во тоа, потенцира Груевски.

Во однос на тврдењата на Груевски дека секој може во 15 минути на УСБ стик да формира какви било содржини и да ги именува било како, Николоски за ТВ Канал 5 истакна дека тие кои што од него се поупатени во компјутери многу добро знаат дека се остава трага, форензички тоа се испитува, кој е автор и на кој компјутер е тоа правено. Додаде и дека доколку не би биле сто процентно сигурни во тоа што го зборуваат не би излегле во јавност. вј/ац/

Фото: ВМРО-ДПМНЕ и МИА архива

Остани поврзан