Николоски: Заеднички и одговорно ќе го вратиме сјајот и духот на македонските железници
- Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска упати честитка по повод 9 Април - Денот на железничарите на Македонија.

Скопје, 9 април 2025 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска упати честитка по повод 9 Април - Денот на железничарите на Македонија.
- Честит 9 Април - Денот на железничарите на Македонија. 152 години од постоењето на Железницата во Македонија и сè уште создаваме историја, напиша Николоски на Фејсбук.
Заеднички и одговорно, како што наведува, ќе го вратиме сјајот и духот на македонските железници и ќе изградиме современ систем на модерна и европска железница. мд/са/
Фото: Фејсбук на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски