• недела, 24 ноември 2024

Николоски: Досега не добивме кредибилен демант дека граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ не се следени од власта

Николоски: Досега не добивме кредибилен демант дека граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ не се следени од власта

Скопје, 30 септември 2023

Ние разгледавме извештаи на надлежните институции во државава на АНБ, на Агенцијата за разузнавање, воено разузнавање, МВР и според нив кои се државна тајна и не можам да одам до детали, но можам да кажам дека не добивме кредибилен демант на сомнежите дека македонските граѓани не се следени, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за вестите на Алфа. 

- Во однос на нас како политичари и најголема опозициска партија, имаме сомнежи подолг временски период дека сме и физички следени и дека се следи нашата комуникација, телефонски интернет и така натаму. До денес немаме добиено кредибилен демант што зборува многу за состојбата во која се наоѓа Македонија, додаде Николоски. 

Тој посочи дека тука е секако злоупотребата на некои софтверски алатки преку малициозен софтвер кој е незаконски, познати во јавноста се повеќе форми од типот на Пегасус. 

- За тоа ќе расправа и  Советот на Европа, во октомври ќе има сесија на која ќе се зборува и очекувам оваа тема да ја отворам и таму. А по промената на власта детално ќе ја истражиме секоја институција да видиме каде се злоупотребувале мерките на следење и зошто тоа се прави врз ВМРО-ДПМНЕ. Оние кои го правеле тоа ќе одговараат, нагласи Николоски. 

Во однос на неговата посета на Босна и Херцеговина како известител, тој истакна дека тоа е добро за имиџот на Македонија да има еден ваков претставник и да оценува друга држава. 

Во Босна и Херцеговина имав една исклучително значајна мисија, јас сум известител за Парламентарното Собрание на Советот на Европа за оваа држава. Тоа престижна улога, досега немало од Македонија пратеник, политичар кој бил на ваква позиција. Тоа дава можност да се оцени состојбата таму и да се презентира пред Советот на Европа.  За жал целиот регион страда од широко распространета корупција и криминал кои ги уништуваат и државите и општествата. Тоа е нешто што го гледаме во Македонија и регионот и според мене треба да биде приоритет број еден доколку сакаме да се надминуваат овие состојби кои се далеку од добри и кои ги мотивираат луѓето да си заминуваат од целиот овој регион, рече Николоски.

Николоски: Уставни измени под бугарски диктат нема да има

Ако внимателно ги следите тезите на ВМРО-ДПМНЕ, ќе видите дека и ние истото го кажуваме дека Бугарија нема да запре овде. И конечно тоа го призна министерот за надворешни работи. Се поставува логично прашање зошто да се исполнат овие бугарски барања кога немаме никаква гаранција дека нема да стават вето за 6 или 12 месеци и дека нема да испорачаат нови барања и нема да се бара од нас и тоа да се реализира, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за вестите на Алфа.

Николоски истакна дека признанието на Османи е најдобар доказ дека ја лажат македонската јавност со години, како најдобар доказ за дволичната политика што ја водат.

- Министер за надворешни работи кој би имал доволно самопочит после вакво признание би се повлекол а владата би си дала оставка затоа што поставуваат ова како прашање број 1 во Македонија, рече Николоски.

Тој додаде дека јавноста повеќе од година дена е оптеретена со уставните измени кои нема да се случат. 

- Уставни измени нема да има, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи и дозволи уставни измени под бугарски диктат. Но, ова признание на Османи е најдобар доказ за тоа што кажуваме дека барањата на Бугарија немаат крај, изјави Николоски.

Николоски: Криминалот и корупцијата го јадат јавното здравство

По класична форма на нептизам нема. Но, овдека веќе навлегуваме и во делот на возможен криминал, затоа што е интересно што на овие јавни повици има само по еден понудувач. Па легитимно прашање е зошто другите не се охрабруваат да и тие дадат понуда и да се намалува цената и да добијат граѓаните ем квалитетна здравствена  заштита, ем по поевтина цена. Така што ова се два фактори кои што стојат, надлежните институции треба ова да го испитаат, а како што гледате не го испитуваат, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во денешното гостување во вестите на телевизија Алфа, во врска со случајот на скопската клиника за Хематологија каде што е доделен неколку милионски тендер на веледрогеријата Пановски, која е во сопственост на таткото на директорката на клиниката.

Николоски истакна дека во здравството ќе имаме многу работа, има многу криминал, има многу корупција, а според мене криминалот и корупцијата  го јадат јавното здравство во Македонија и тоа ќе е една од главните фокуси на партијата  во следниот период после формирањето на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски зборуваше за криминалот и корупцијата кој исто така е проширен во сите сегменти на целокупното македонско општество, но исто така и во регионот, што ги тера младите трајно да ги напуштаат и да се иселуваат од сите држави во нашиот регион.

„За жал, целиот регион страда од истата констатација, би рекол од истата болест, а тоа е широко распространета корупција и криминал кој што ги уништуваат и државите и општествата. А, тоа е нешто што го гледаме во Македонија, го гледаме и во регионот и според мене треба да е приоритет број еден  во следниот период доколку сакаме да се надминуваат овие состојби кои што се далеку од добри и кои што според мое мислење, го влечат регионот назад и ги тераат луѓето да си заминуваат од целиот овој регион. Во Босна и Херцеговина имав една исклучително значајна мисија, каде што сум известител за парламентарното собрание на Советот на Европа. Тоа е една престижна улога, до сега немало од Македонија политичар пратеник кој што бил на една ваква позиција“, истакна Николоски.

Во однос на новата задача за известување на состојбите во Босна и Херцеговина, Николоски посочи дека тоа е многу значајно за имиџот на државата, каде што од една мала држава како што е Македонија, со една кревка демократија да добиете шанса да ја оценувате, која што во моментов е една од нај невралгичните точки во Европа и да пишувате извештаи врз основа на кој ќе се цени напредокот на државата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан