Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст
- Градежништвото повторно со двоцифрен раст, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил и додаде дека има силна динамика во изградба на капиталните проекти.
Скопје, 4 март 2026 (МИА) - Градежништвото повторно со двоцифрен раст - објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил и додаде дека има силна динамика во изградба на капиталните проекти.

- Раст од 14,6 отсто бележиме во време кога ги градиме капиталните проекти, автопатите, железницата, регионалните и локалните патишта и голем број комунални проекти. Двоцифрена стапка на раст од 14,6 отсто во градежниот сектор има во четвртиот квартал од 2025 година, што само ја потврдува нашата силна заложба и посветеност во реализација на капиталните проекти. Особено ме радува фактот што градежништвото е во континуиран пораст, и тоа во 2025 година во третиот квартал имавме 21 отсто раст, а четвртиот квартал бележиме 14,6 отсто раст (и покрај зимскиот период, каде што, поради природните услови, градежните активности се намалуваат) - напиша Николоски.
Македонија, како што посочува вицепремиерот во објавата, е меѓу земјите со најголем раст на БДП, каде што градежништвото повторно има двоцифрена стапка на раст.
- Во четвртиот квартал БДП порасна за 3,8 отсто, што е најдобар показател за успешните политики што ги спроведуваме. Македонија се гради и се развива - следуваат нови инфраструктурни проекти - објави вицепремиерот Николоски. дма/вј/
линк до објавата: https://www.facebook.com/share/p/186mg2LaXM/
Фото: Фејсбук на Александар Николоски