• среда, 25 март 2026

Николоски во Вашингтон: Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста

Николоски во Вашингтон: Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста

Скопје, 12 март 2026 (МИА) - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во своето обраќање на глобалниот форум „Trasforming Transportation 2026“ што се одржува во Вашингтон во организација на Светска банка, го потенцира значењето на коридорите и инвестициите што се реализираат.

Како што објави Николоски на неговиот Фејсбук профил, на економскиот форум во Вашингтон во своето обраќање ја потенцирал важноста на геостратешката позиција на Македонија каде што се вкрстуваат двата пан-европски коридора.

Инвестициите на коридорите во Македонија го комбинираат бизнисот и безбедноста. Праќаме позитивни сигнали за инвеститорите, напиша вицепремиерот Николоски и објави видео од обраќањето на глобалниот форум. нд/са/

Фото: Министерство за транспорт

Остани поврзан