• четврток, 26 декември 2024

Николоски: Власта не ги слуша ниту своите идеолози на мерките против корона 

Николоски: Власта не ги слуша ниту своите идеолози на мерките против корона 
Скопје, 21 август 2021 Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека власта не си ги почитува кажувањата ниту на оние кои им се идолози на мерките кои се спроведуваа од почетокот на корона кризата. Николоски ова го вели во коментар на изјавата на првиот човек на Комисјата за заразни болести, Жарко Караџоски кој пред некој ден изјави дека тие како Комисија препорачале летово да не се одржуваат свадби на затворено, а надлежните од власта го отфрлиле тоа. „После таква изјава на човек кој е предводник на целата оваа политика на мерки во однос на короната, кои според мене се неефикасни од самиот почеток на пандемијата до денес, и кога таква изјава доаѓа од перјаница на власта од идеологот на овие мерки и кога е јасно дека власта не го послушала, јасно е дека оставки мора да има“, вели Николоски. Според него непочитувањето и непридржувањето до мерките кои самите си ги предлагале значат загубени човечки животи за кои секој ден слушаме. „Но, тоа значи и многу човечки животи во опасност во следниот период“, смета Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека после промената на власта во Македонија, која ќе се случи после претстојните локални избори, ќе следи одговорност, како за аферата со „Пасошите“ така и  за тоа што околу 40.000 македонски државјани кои во последниве месеци се сликале за лични карти а истите не можеа да ги подигнат, при што истите беа соочени, меѓу другото, со неможност од банките да ги подигнат своите плати и пензии.

Ова го истакна Николоски, после денешната прес конференција, запрашан за став после вчерашната одлука на владата повикувајќи се на уставните одредби, личните карти да се издаваат на новите обрасци со користење на новото уставно име иако законот не е поминат во Собрание, при што додаде дека ова не е прв пат власта да крши закони, тоа го прави во континуитет во последните четири години.

„Не е прв пат оваа власт да го крши законот, всушност четири години го кршат закони и во таа насока, после промената на власта која што ќе се одлучи после локалните избори, ќе има одговорност. И да ги предупредам сите кои што работат во Министерство за внатрешни работи и од други институции да бидат внимателни, за многу поситни работи луѓе се по судови сега, така што за вака крупна работа ќе одговараат како што и одговорноста за аферата за „пасошите“ нема да заврши кај овие ситни риби кои што сега одговараат и кои што мораа да одговараат за да крупните риби не одговараат“, истакна Николоски.

Тој додаде дека до денес не стигнало ниту потврда, ниту демант на неговото прашање дали 40 илјади македонските граѓани беа доведени во таква ситуација за да се намести тендерот за обрасци за лични карти како што беше и случајот за авионите за гаснење пожар.

„Јас до денес не добив ниту потврда, ниту демант на она што го изнесов во јавност пред неколку дена во интервју за телевизија Канал 5, каде што кажав, односно прашав дали причината зошто Македонија се носи во оваа ситуација, да нема лични карти е да се намести тендерот за обрасци за лични карти на исти начин како што има обид и веројатно се мести тендерот за сервисирање на канадерите. Дојде државата во ситуација да изгори буквално за да се прескокне тендерската постапка и канадерите, односно авионите за гаснење пожар да се сервисираат не на тендер туку со непосредна спогодба“, рече потпретседателот на партијата, Александар Николоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

PP

Остани поврзан