• сабота, 23 ноември 2024

Николов: Наместо нова и модерна позитивна листа, Министерството за здравство повторно најавува нова Комисија

Николов: Наместо нова и модерна позитивна листа, Министерството за здравство повторно најавува нова Комисија

Скопје, 5 август 2023 

Почитувани граѓани,

Наместо нова и модерна позитивна листа на лекови деновиве четвртиот министер за здравство во Владата на СДСМ и ДУИ триумфално објави дека има датум за нова Комисија за позитивна листа.

Едно е јасно, за 7 години, оваа Влада целосно изгуби допир со реалноста. Наместо да ја замајуваат јавноста, надлежните треба да се фатат за работа и да го почитуваат начелото на транспарентност за кое што очигледно не се многу заинтересирани.

Во меѓувреме, целосно ги заборавија ветувањата кои ги дадоа, а се однесуваат на лековите, и тоа, редовно ажурирање на нова позитивна листа, лек во секое време за секој пациент, редовна набавка на квалитетни лекови за 44 000 инсулинско-зависни пациенти.

Устите им се полни со ЕУ и европски вредности, но на дело нема ништо.

ЕУ има директива (89/105) која се однесува на транспарентност на мерките за регулирање на цените на лекови.

Оттука прашуваме:

Прво, дали Комисијата ја почитува ЕУ директиравата за јасна и транспарентна постапка за формирање на цени на лекови?

Второ, Дали Министерството за здравство има комисија за формирање на цени на лекови? Врз основа на кои анализи ќе се носат одлуки?

Трето, зошто наместо експерти од разни области, како што предвидува законот, има членови од иста област иако законот предвидува од различна област од медицината?

Четврто, дали ќе се вклучат здруженија на пациенти во овој процес?

Петто, кога може да се очекува нова модерна листа или само се замајува јавноста со цел да се прикаже дека нешто се работи?

Шесто, зошто се доцнеше 7 години со формирањето на комисијата за позитивна листа? 

Одговорот на сите овие прашања може да се претпостави. Во стручната јавност впечатокот е дека ова е парцијално решение кое што може да е во интерес на одредени центри на моќ.

Повторно се кријат зад ЕУ стандарди за да реализираат индивидуални интереси на штета на народот.

Во истиот стил на нерационално и незаконско трошење на буџетските средства не смееме да ги заборавиме ниту наводите во последниот Извештај на Државниот завод за ревизија за јавните набавки каде се констатира: 1. нерационално користење на буџетските средства, 2. нетранспарентност на постапките, 3. нарушување на конкуренцијата и 4. нарушување на начелото на еднаков третман и недискриминација

Со секое продолжување на вакви политики, се оптеретуваат граѓаните да плаќаат повеќе, и со здравјето и со пари. 

Токму затоа потребно е итно да замине оваа Влада за здравствениот систем целосно да се рестартира и тоа час поскоро!

Прес-конференција на Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан